21.05.2023

Милошоски: Дискриминирање на југоистокот на Македонија од страна на власта треба да прекине и најдобрата можност граѓаните ја гледаат во изборите кои што ќе се случат

„Би сакал да испратам една порака од тука од општина Василево, постои едно огромно разочарување за дискриминирачкиот однос кој што оваа Влада на Груби и Ковачевски го има кон помалите општини, особено кон Василево, Босилово, Ново село, Конче, Радовиш и другите во југоисточниот регион на Македонија.  Затоа што од Владата секогаш се даваат средства за општините Арачиново и Липково, општини кои што имаат многу мала наплата на данок на имот и други државни придонеси. А, општините во југотистокот на Македонија секогаш има висока реализација на даночните обврски кон државата, но од државата немаат помош“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски додаде дека дискриминирањето на југоистокот на Македонија од страна на власта треба да прекине.

„И сметаме дека ваквиот начин на дискриминирање на југоистокот на Македонија треба да прекине и најдобрата можност граѓаните ја гледаат во изборите кои што ќе се случат. И оваа власт на Ковачевски и на Груби треба да биде казнета за да може следната влада рамноправно да ги третира сите граѓани и општини и да се развива државата на еден подобар начин“, заклучи Милошоски.