Денеска во рамки на акцијата „Иднина за сите во Македонија“, караванот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во градот Штип на средба со студентите. Во наредните денови планираме да ги посетиме повеќето градови низ територијата на Република Македонија се со цел да се сретнеме со поголема група на млади луѓе кои се занимаваат со најразлични дејности“, истакна членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Милошевска при денешната теренска активност на УМС
„Иднина за сите во Македонија“ во Штип.
Таа додаде дека треба да ги слушнеме нивните проблеми, предизвици и идеи со кои се соочуваат во текот на нивното работење.
“Сето тоа ќе кулминира со една сеопфатна платформа за млади луѓе која што платформа ќе ја презентираме на идните парламентарни избори. Сето ова на 22 и 23 јули во Македонската опера и балет ќе го крунисаме со еден „Сеам за млади луѓе“„, истакна Милошевска.