Милионерот Каевски треба да знае дека со Ковачевски и СДС нема инвестиции во ТИРЗ, инвеститор е само Пиксел груп основана од премиерот, а управувана од неговиот кум.
Откако е СДС на власт ниту една голема странска инвестиција не е дојдена во Македонија.
Бизнис климата во Македонија со СДС се сведува на тендерите во РЕК Битола, набавките по министерства кои ги добиваат фирми блиски до власта и бизнисот со марихуана.
Надвор од овие стандардни бизниси на СДС, цути и бизнисот на Пиксел груп, управувана од кумот на Ковачевски, а основана токму од него. Пиксел груп заедно со бугарски партнер ќе гради фабрика во Тетово, и за тоа Ковачевски ќе исплати државна помош на фирмата која сам ја основал, а која сега е водена од неговиот кум.
Милионерот Каевски треба да праша во СДС, уште на колку прес конференции ќе треба да се брука, за 4 милиони на сметка и станот од 60тина квадрати кои ги стекнал според податоците наведени во неговиот анкетен лист додека е на функција, а од примања имал само плата.
И милионерот Каевски и Ковачевски треба да знаат дека и за криминалите и за уназадувањето на Македонија одговорност ќе има, за едното кривична, за другото политичка.
Со почит,