26.06.2023

Мерко има обврска да соработува со институциите, и тоа не треба да се поздравува како негова добра волја како што прави Ковачевски

Мерко има обврска да соработува со институциите, и тоа не треба да се поздравува како негова добра волја како што прави Ковачевски.

ЈО и другите институции имаат право да извршат увид во вкупната документација на општина Струга и се што е поврзано со Мерко, ако отворат случај, и тоа не е на волја на Мерко дали ќе им дозволи или не.

Ковачевски наместо да биде поданик на ДУИ како што тоа го прави откако е премиер, треба да побара одговорност од Мерко.

Во однос на граѓанските обврзници, со кои се фали Ковачевски, тие се само бледа копија на општинските обврзници, идеја на ВМРО-ДПМНЕ што требаше да значи собирање пари за локални проекти, што СДС го закочи, само за да ја ископира идејата за задолжување, но не и нејзината цел, па сега наместо проекти, ќе имаме злоупотреба на парите од владата.

Ковачевски очигледно ништо друго не знае, освен да биде поданик на ДУИ.