11.01.2023

Мерките на СДС кои сака да ги претстави како нешто возвишено се обична шминка, потребна е итна владина стратегија

Очекувавме денес СДС и Љубица Јанчева прес конференцијата да ја одржат на Илинденска 2, пред Владата на Македонија.

Овие мерки кои со денови СДС се обидува да ги престави како нешто возвишено се обична шминка и гол популизам. За справување со загадувањето потребна е итна владина стратегија.

На Скопје и скопјани не им требаат мерки за шминка, или пак мерки со кои потоа функционерите на СДС ќе местат тендери и ќе крадат.

Љубица Јанчева денес требаше да и одговори на македонската јавност до каде е Планот за чист воздух кои помпезно го најавуваа како апсолутна власт пред 4 години. Ветуваа брда и долини, а немаат ниту еден проект.

Воедно, еве денес нека му посочат на нивниот лидер Ковачевски, нека договори повторно некоја тајна средба со Арсовска, нека и нареди да си ја работи својата работа, за која е избрана.

Со сите јавни претпријатија во градот раководат кадри на Арсовска, СДС, ДУИ и нивниот омилен привезок Левица. Работењето на градот е во рацете на оваа коалиција предводена од СДС и Арсовска.

Наместо да договараат тендери и како да украдат некој денар повеќе, Ковачевски нека и ги прочита на Арсовска мерките кои СДС изминативе денови како на лента ги повторува, бидејќи на Арсовска тоа и е работа, да даде налог да се измијат улиците, да има повеќе градски автобуси на улиците, да ги исчисти дивите депонии.

За справување со загадувањето во Скопје, но и Македонија е потребна итна стратегија и капитални проекти, а не дневна политика и ќарење некој евтин политички поен.