27.08.2023

Мафијашките пресметки станаа секојдневие, со владата на СДС и ДУИ, Македонија е далеку од Европа

Во време кога имаме посета од страна на висок дипломатски претставник во Скопје на само неколку метри од владата се случува криминална пресметка.

Крвавите пресметки континуирано растат, а наместо одговорност од СДС, Ковачевски и Спасовски слушаме фалби дека Македонија била безбедна држава.

Само за Ковачевски и СДС е европски пукањето сред бел ден во главниот град.

Македонија се претвори во криминална серија, во која речиси да нема месец, а да не се случи некоја мафијашка пресметка или убиство.

Криминалците се пукаат сред бел ден, Ковачевски не убедува дека само што не сме влегле во ЕУ, а министерот за внатрешни работи Спасовски никаден го нема.

Нема разлика меѓу подземјето и власта. Тоа е едно!

Македонија е далеку од Европа со владата на СДС и ДУИ. Никој во Европа не сака држава во која владеат криминалнот и подземјето.

Спасовски не може да пронајде две лица кои вееле знаме на Голема Албанија, а како може да се очекува дека ќе ги пронајде пукачите и убијците.

Се палат автомобили на политички опоненти, се киднапираат луѓе, се случуваат мафијашки пресметки, убиства а до денеска нема никаква разрешница, ниту одговор кој стои позади ова.

СДС и Спасовски 7 години не можат да обезбедат државата да е безбедна.

Затоа се потребни избори!