03.03.2024

Маричиќ со службено возило платено од граѓаните си брка партиски работи, ДКСК да реагира

Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните.
Оттука добро е да одговори Државната комисија за спречување и борба против корупцијата што мисли за овој случај?
Според кои европски практики Маричиќ злоупотребува државни ресурси платени од граѓаните?