17.06.2023

Манипулациите на Ковачевски кон народот се разоткриени, уставни измени под бугарски диктат нема да има, затоа и бега од тв дуел со Мицкоски

Од ден на ден се повеќе паѓаат во вода манипулациите на Ковачевски, со кои залудно проба да го излаже народот.

ВМРО-ДПМНЕ јасно стои на своите конзистентни ставови дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.

Ковачевски кој е домазет во сопствената влада, се уште се нема изјаснето за двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ, иако од неговите средби со врвот на СДС помина една недела. Очигледно е дека за предлозите не се одлучува на Бихаќка, туку кај вистинскиот властодржец, а тоа е Али Ахмети.

Ковачевски исто така и бега од тв дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од кој се плаши, бидејќи нема што да каже пред македонската јавност и нема како да оправда уште едно предавство кон народот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да да поддржи такво нешто и секогаш ќе ги брани ставовите и мислењата на народот, кои се кристално јасни, а кои на Ковачевски очигледно само не му се јасни.