Почитувани граѓани,
Ужаснува помислата дека СДС и натаму продолжува да потценува и да се однесува со ароганција, така што ни помалку ни повеќе организираа во Битола – трибина за здравство или превенција, како што ја нарекоа!
Да потрошеа толку енергија и средства, потребни со сила и напор да ја наполнат салата со дојденци и притиснати и уценети членови, не ќе беше во ваква состојба Клиничката болница во Битола- некогашниот лидер во здравството во регионот.
И наместо, да се зафатат со сериозни подобрувања на функционирањето на битолската Клиничка болница, тие одржуваат партиски трибини и ги сликаат најголемите виновници за катастрофалната состојба на Болницата. На пример – Венко Филипче!
Ова дефинитивно ги надминува основните правила на пристојно однесување, па така господо „загрижени” од СДС објаснете им на граѓаните зошто се уште не е оспособен апаратот за коронографија, акцелераторот, зошто се повеќе битолчани лапараскопски операции прават во соседните болници, кои немаат статус на клинички или во Скопје до каде сте со изградбата на новиот Клинички центар кој го ветивте во Битола, до каде сте со отворањето на Медицински, стоматолошки и фармацевтски факултет?
Господо од СДС, граѓаните ве прашуваат и за вмешаните ви кривичните пријави и активностите на Обвинителството!
Зошто е молк и дали се преземени мерки против сторениот криминал – тоа сте должни да им го објасните на граѓаните!
#ВажноЕ оваа катастрофа, предизвикана од неспособната, криминална, коруптивна и неодговорна власт да заврши со огромен нејзин пораз на претстојните парламентарни избори!