26.01.2023

Ликот со фото албум од фунционери на СДС, избегал од затворот Шутка каде директорува неговиот сопартиец Сокол- ОСТАВКА веднаш!

Ново бегство од затвор во Македонија, нова потврда дека се случува распад на системот.
Поминаа 11 дена од бегството на Нафи Абдиовски од затворот во Шуто Оризари, а од надлежните институции нема ниту одговори, ниту одговорност.
Дополнително скандалозно во овој случај е што лицето Нафи Абдиовски, кој има богато досие со 16 кривични дела е тоа што има најмалку толку фотографии со функционери на СДС и власта. Во фото албумот на ова лице меѓу другото се наоѓаат фотографии со Заев, Оливер Спасовски, Груби, Пендаровски, фотографии од настани на СДС и фотографии сликан внатре во владата. Очигледно Абдиовски бил омилен на функционерите на СДС.
Овој човек бил сместен во полуотворено одделение на затворот Скопје, што веројатно му помогнало да излезе и да не се врати во затворот. Дали контактите со сите овие функционери од власта му помогнале да има привилегиран статус или можеби му помогнале да избега од затворот? 
Да потсетиме со затворот Шутка директорува Филип Андов викан Сокол, поранешен советник на Заев и лик поврзуван со низа скандали и афери. Дали Андов му помогнал на Абдиовски, неговиот партиски пајташ да побегне од затворот кој го раководи? Дали и ова бегство е исценирано? Дали пари ги отвораат затворските железни врати за криминалците да може да избегаат? Во најмала рака после ова бегство, Андон викан Сокол треба да понесе одговорност и да поднесе неотповиклива оставка од позицијата директор на затворот Шутка. Ако на самиот Сокол не му текнува тогаш Ковачевски нека го разреши, ако има храброст. Скандалозните бегства во затворите станаа премногу честа појава.
Половина месец, две скандалозни бегства од затвор, НУЛА одговорност. Тоа е разултатот на оваа власт на Ковачевски. Овој распад на системот може да се спречи само на избори, кога оваа криминогена и неспособна власт ќе биде поразена и сменета.