06.06.2023

Лефков за разрешувањето на кардиохиругот Јовев: Ваквите одлуки покажуваат зошто здравствениот кадар е понижен и има несигурност во здравствениот систем

Начинот на кој функционира власта се гледа и низ последните случувања во здравството. Неуспесите кои ни се случуваат на секое поле се токму резултат на ваквите кадрови политики кои секогаш се базираат на задоволување на личните интереси, а не задоволување на колективните и пред се интересите на граѓаните, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков одговарајќи на новинарско прашање за разрешувањето на кардиохирургот Јовев.

Лефков потенцира дека ваквите потези резултираат со зголемено незадоволство и несигурност на граѓаните во здравствениот систем.

– Ваквите одлуки покажуваат зошто здравствениот кадар е понижен веќе со години и затоа ни се случува да имаме дефицит на кадар. Власта очигледно е дека одмазнички настроена кон сите што не и се истомисленици и за жал политиката е навлезена во секоја пора од македонското општество. Ова мора да заврши што поскоро и мора институциите да ги ослободиме од стегите на политиката, истакна Лефков.