29.04.2023

Лефков: Државата се празни, на граѓаните им е преку глава од оваа власт која работи само за личните интереси и бизниси, време е за обединување и да изградиме Македонија за сите луѓе

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска во рамки на кампањата „Ова е Македонија, Македонија е за сите луѓе“ беше помеѓу жителите на Горни и Долни Подлог, Грдовци и Бели во Кочани, каде заедно со граѓаните се разговараше за проблемите кои ги мачат луѓето во Македонија, постојаното иселување, и како што рече „во една година додека неизбраниот премиер е на функцијата над 20.000 луѓе се иселија“.

Лефков нагласи дека луѓето се  иселуваат поради нефункционалното судство, поради неправдите на секој чекор и тоа жестоко го чувствуваат како што ја чувствуваат неконзинстентноста на политиките во земјоделието.

– Над 300-400% се зголемија цените на репро материјалите и трошоците кои ги имаат за земјоделието. Сето ова ни укажува дека време е за обединување и конечна победа во Македонија, со вистински избрани народни претставници кои имаат само една идеја и мисла, а тоа е јавниот интерес, рече тој.

Лефков истакна дека овие средби укажуваат дека на луѓето им е преку глава од политика за лични интереси како сега што се води само за блиските до власта.

Време е да се обединиме и да изградиме Македонија за сите луѓе, потенцираше Лефков.