ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна партија понуди помош, понудивме ситуации како да се дојде до поевтини енергенси се со цел народот и стопанството да не го почувствуваат ударот од кризата премногу. Останува власта да реализира. Истовремено понудивме пет мерки кои ќе ја подобрат состојбата и кои ќе го амортизираат ударот, истакна Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително одговарајќи на новинарско прашање тој ги дообјасни мерките кои ти ги предложиле.
Имено предложивме неработниот ден недела да биде работен затоа што во тој ден има големи вишоци на струја кои се поевтини. Предложивме цената на електричната енергија која што ќе ја плаќаат компаниите а која што е над цената на регулираниот пазар половина од таа разлика да ја преземе државата. Предложивме викенд без ДДВ за основните прехранбени производи за да можат граѓаните да се снабдат по пониска цена и да не удираме со ДДВ врз стандардот на граѓаните. Предлагаме интервенција во законот за личен доход и таа иницијатива најавуваме дека ќе ја поднесеме до Собранието во текот на оваа или следната недела со која што ќе се одложи скалестото оданочување. И за крај, предложивме и мерка за да се стават на располагање на стопанството пари од банките со што ќе помогнат ликвидноста на компаниите а работните места ќе бидат зачувани, потенцираше тој.