27.04.2023

Кoлапсот на државата се пресликува во судството, со Ковачевски и СДС може само полошо

Колапсот на државата се пресликува во судството, со Ковачевски и СДС може само полошо.

Судството се сведува на партиски инсталации. Не може да помине унпаредување на обвинител или судија без партиите на власт да дозволат. СДС и ДУИ го држат цел систем заробен, затоа довербата на граѓаните во судството се сведува на статистичка грешка.

Врвот на власта на чело со Ковачевски поставува судии, обвинители, унапредува и дава функции како што е примерот и со шефот на ЈО за организиран криминал Абази поставен од ДУИ.

Во ситуација кога власта диктира се во судството, немаме судска независност, туку судството е директно под капата на СДС и ДУИ. Сите одлуки се партиски диктирани и затоа немаме ниту еден осуден функционер од власта, ниту пак има отворање на истрага за случаите како Броило, братот на Груби, сопругата на Ковачевски, и пред се за шокантното потпишување на договорот за Коридорот 8.

Со СДС и ДУИ не може подобро, може само полошо. Потребни се промени на власта и ослободување на судството од партискиот притисок.