26.07.2023

Криминалниот чин со палењето на возилото на Груби отвори сомнеж за негов сокриен имот-тој наместо апсурдни “гачки“ нека дава конкретни одговори

Артан Груби се заплетка до гуша со скандалот со запаленото возило. Криминалниот чин отвори сомнеж за сериозен криминал за сокривање на имот. Приказните за омилена марка, за позајмено возило, дека го добил на користење од лице кое од 5 годишна возраст е во бизнисот, и слични други апсурди не поминуваат ни кај членовите на ДУИ. Впрочем неговите најбилиски соработници потврдија дека се работи за негово возило и доколку Груби има проблем со таа перцепција прво нека се разбере со неговите сопартијци и соработници во владата.Јавноста сака да знае како е возможно Груби да вози за приватни потреби возило кое не е пријавено на неговиот анкетен лист? Како тоа возило е пријавено на компанијата која мистериозно купи хотел на Попова Шапка од страна на една градежна компанија? Како таа иста градежна копманија доби тендер веднаш потоа тежок неколку милиони евра? Интересен круг на поврзани скандали.Ова се одговорите кои јавноста треба да ги чуе. Ова е основата на која би требало институциите да истражуваат доколку бевме правна држава и доколку институциите не беа поклопени од страна на СДС и ДУИ.Пламенот од криминалниот чин со палењето на возилото осветли многу тајни кои ќе бидат истражени по промената на власта и ослободувањето на институциите. Допрва ќе излезат на виделина сите скриени и тајни имоти на функционерите на ДУИ и СДС но и ќе се истражи целокупната потекла на ваквиот имот. Груби нека смислува уште гачки оти ќе му требаат за истрагите кои ќе следат.