30.08.2022

Криза има, но Ковачевски да каже кој е планот на Владата за сиромаштијата во која ја турнаа земјата

Димитар Ковачевски и власта живеат во луксуз и раскош на државна сметка, додека граѓаните живеат во сиромаштија и беда.

Во услови кога граѓаните се соочуваат со галопирачка инфлација, цените на прехранбените производи и нафтените деривати вртоглаво растат,  владата ја зголеми цената на струјата за граѓаните за 50 процени.

Поради неспособноста на антимакедонската СДС и Ковачевски граѓаните сега ќе плаќаат дупло поголеми сметки, бидејќи власта ја направи Македонија со најскапа струја во Европа.

И згора на тоа, наместо антимакедонската СДС и Ковачевски да им понудат помош на граѓаните, најавуваат ново покачување на струјата, што дополнително ќе удри по џебот на граѓаните.

Владата и Ковачевски удираат и врз бизнис секторот.

Секаде во светот бизнис секторот се помага во време на криза од страна на државата, а само во Македонија со Ковачевски и антимакедонската СДС приватните компании се на удар.

Нека каже антимакедонската СДС и Ковачевски што ќе преземе за состојбата во која ја донесен државата поради нивниот криминал.

Имено, споредбено со лани, бизнис секторот сега плаќаат и по 400 проценти поскапа струја, односно двојно повеќе од фирмите од околните држави. А, за тоа говори и официјалната статистика на ЕВРОСТАТ.

Поради катастрофалните и штетни политики на владата на антимакедонската СДС и Ковачевски се отпуштаат се поголем број на работници, се затвораат фирми, а и тие што успеале да опстанат се на работ на банкрот.

Ковачевски и антимакедонската СДС ја поскапеа цената на струјата за да може мафијата блиска да власта да ги полни сопствените џебови.

Антимакедонската СДС и Ковачевски ја клекнаа Македонија на колена.

Антимакедонската СДС и Ковачевски ги осиромашуваат граѓаните.

Оваа влада мора да падне.

Излез се предвремени парламентарни избори веднаш!