07.05.2023

Коњановски: Со оваа власт се случува разнебитување на Македонија, да не дозволиме криминалот со коридорите да им успее

„Овде сме како дел од проектот „Ова е Македонија за сите“ да поразговараме со жителите од овој регион Цапари. Се наоѓаме во едно од најубавите села во регионот на Битола. Со луѓето ќе се запознаеме за нивните маки, за нивните проблеми“, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Коњановски додаде дека ќе ги запознае граѓаните со актуелната ситуација во државата која што се случува но исто така да побара помош и поддршка.

„Едно од актуелните збиднувања е со изградбата со автопатиштата кои ние како дел од тука Битола и Прилеп не сме информирани многу што ќе се случува, знаеме само дека ќе се прави некаков автопат за кој што огромни средства се издадени, а уште незапочнато да се гради. А, не сме информирани ни како ќе оди, каде ќе оди таа траса. А, некој само вели дека ќе има автопат. Затоа велам да ги превенираме тие работи додека уште може“, заклучи Коњановски.

Тој посочи дека со оваа власт се случува разнебитување  на Македонија.