-Директорот на АНБ е ист производ како и минатиот директор, Виктор Димовски и тој долги години е на функцијата во АНБ, имал учествувано нели во безбедносниот сектор, така да не очекувам ништо ново. Имено Заре Милошевски има учествувано и во онаа последната афера со добивање на македонско државјанство на украинскиот и рускиот олигарх Онишченко, рече Зоран Коцевски, пратеник одговарајќи на новинарско прашање поврзано со новиот директор на АНБ, Заре Милошевски.
Коцевски исто така укажа дека новиот директор на АНБ е продолжение на Димовски и Зечевиќ и според тоа не може да се очекува подобрување на безбедносниот сектор во државата.
-Едноставно таков е каков што е безбедносниот сектор, така и ќе продолжи на чело со овој господин, Заре Милошевски. Значи е продолжена рака на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ ништо посебно не очекувам во подобрување на безбедносниот сектор, додаде Коцевски.