29.12.2022

Костовски: Усвоен е буџетот од 230 милиони денари на општина Бутел, ќе се реализираат проекти за бутелчани

УСВОЕН РЕКОРДЕН БУЏЕТ ОД 230 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА ОПШТИНА БУТЕЛ
Денес на седницата на советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала Општина Бутел.
Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните. За жал советниците од СДС и Левица не го поддржа буџетот, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на: Уредување на речното корито на Река Серава Реконструкција и ревитализација на локални улици Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација Изградба на нови спортско рекреативни центри во сите населени местаНови детски игралишта Нови спортски игралишта Нов пешачки и пристапни патеки Поддршка на спортски клубови Спортски стипендииСубвенционирање на кровови и фасадиЗголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
Финансии за културни и спортски настани
Во овој буџет предвиени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!2023  година ќе биде година на развој, на многу нови проекти во сите населени места!
Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел.

https://www.facebook.com/100063950460737/posts/pfbid09NjRA8yviKjMj6v5oNCVzoyNG6ZV7ViE7ukPbseyHUzBKMM5UBQ14vSJkemcW98dl/?d=n&mibextid=qC1gEa