23.07.2023

Костовски: Состојбата по невремето кое ја зафати општина Бутел е стабилна

Општинскиот кризен штаб и во ноќните часови работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел.

Општинските работници ги оспособија сите критични места и расчистени се паднатите дрва и наносите.

Сите патишта кои се под надлежност на Општина Бутел се проодни.

Апелрирам за поголема ажурност на Град Скопје, да излезат на теран и да ги расчистат главните булевари и улици.

На терен и во вечерните часови работи и целосната механизација со која располага Општина Бутел.

Отворениот телефонски број 075 274 421 ќе биде и понатаму достапен за потребите на граѓаните на Општина Бутел каде ќе можат да ги пријават последици од невремето.

https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/posts/pfbid02mvceGzLRVvvKtLaevSnbXPJdUNQr2ohRFFqFqYY6SFcm45MnLVBDqbtnita392gol