21.09.2023

Костовски: Благодарност до советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје, одвоени се средства за реализација на фекална канализација во Бел камен и Кучевичка бара

Почитувани жители на Бел камен и Кучевачка бара,Конечно Град Скопје се одважи на моето барање !Пред точно една година на 22.08.2022 (во прилог) до Град Скопје поднесов барање за изградба на фекална канализација во населените места Бел камен и Кучевачка бара.На овој чекор се одлучив имајки предвид дека на еден предизборен собир во наведените населени места градоначалничката Данела Арсовска во мое присуство вети реализиација на овој исклучително важен проект.После една цела година градот Скопје се одважи на ова мое барање и на 14.09.2023 година со поддршка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за реализација, поточно изградба на фекална канализација во Бел камен и Кучевачка бара.Би сакал срдечно да се заблагодарам на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје, што на истата седница од 14.09.2023 година поднесоа дополнителен амандман (во прилог) со кој се прецизира реализацијата на оваа одлука која при поднесувањето не беше доволно јасна. Амандмнанот на ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен од страна на советот.Благодарен сум што градот Скопје се одважи на ова мое барање, иако доцни цела година. Би сакал да истакнам дека се надевам нема ова да биде сурова лага на Данела Арсовска, и дека ќе се одважи на тоа што во мое присуство им го вети на жителите од наведените населени места.Со особено внимание ќе ја следам ситуацијата, бидејки ми е лично важна. Ќе бидам тука да реагирам веднаш доколку нешто не оди како што треба.

https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/posts/pfbid0xZo7v9zcqRbBdmuFivr7HHMWgJPpWcfqHqWCDLjKdZUMGRJVRiwMFN54vG9b3Gdtl