Костадин Ацевски призна дека плаќа 10 пати поскап битумен, каде завршува разликата во цени?
12.000 евра чини транспорт на една цистерна битумен, според договорот кој го потпишал Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта. Тоа е 10 пати поскапо од цената која ја плаќа ЈП Комунална хигиена за набавка на истата суровина. Имено еден тон пренесен битумен ЈП Улици и патишта го плаќа 2915 денари, а ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта каде Ацевски е директор 29.295 денари.
Што е разликата помеѓу овие две претпријатија. Нема. Единствена разлика е што едното е под капата на владата на предавникот Ковачевски и тоа претпријатие од буџетот на народот плаќа суровина 10 пати поскапо од сите други.
Ова е очевиден криминал, и ЈО треба што поскоро да отвори истрага. Фактите се на тапет пред целата јавност.