31.10.2023

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ Градската општа болница „8 Септември“ ја направија партиско дувло?

На огласот за вработување во ГОБ „8 Септември“ вработенa е ќерката на пратеничката Мира Стојчевска, познатата како Мира Дизел. За вработувањето на Александра Стојчевска сведочат вработени во ГОБ

Вработените прашуваат дали ГОБ „8 Септември“ наместо да вработува квалитетни кадри, станало дувло на партиските кадри на СДС.

Во период во кој Владата на СДС-ДУИ го урна здравствениот систем со ова директно ги демотивира младите кадри со праќање вакви пораки за вработување на партиски кадри.

Со ова Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кои продолжуваат да си заминуваат од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри.

Линк од Фејсбук објава на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: