26.01.2023

Колку повеќе тоне СДС, толку повеќе лаже – не можат со ништо да ги покријат нивните порази и неуспеси

СДС како што тонат секој ден, така повеќе лажат. Впрочем, со судска пресуда е потврдено дека лажат и клеветат.
Поразите и неуспесите кои ги носат секој ден не може да ги покријат со манипулативните соопштенија. На сите веќе им е јасно дека Македонија тоне со оваа власт на Ковачевски. Околу 60 % од граѓаните велат дека државата со СДС и ДУИ оди во погрешна насока. Секој ден се зголемува антивладиното расположение кај народот.
Тоа е затоа што оваа власт на СДС и ДУИ е одговорна за највисоката инфлација во регионот, за најголемото осиромашување, за најголемото иселување, за најлошата економска клима во Европа, за растечкиот криминал и корупција  и низа други поразителни факти.
Седнати во скутот на ДУИ, на СДС не му преостанува ништо друго освен да лаже. Се обидуваат на сила да се одржат уште некое време на власт, но народната казна ќе ги стаса и ќе бидат поразени на следните избори, кои колку побрзо се одржат, толку подобро за Македонија.