Кога лицемерието би имало второ име тоа би било Апасиев, вчера неговите советници гласаа перење пари за ЈСП, денес Апасиев глуми против.
Во изминативе месеци Советот на Град Скопје даде субвенции 1.250.000.000 денари за да се исплатат плати, и повторно нема за плати. Каде се парите?
Советот вчера изгласа 700.000.000 денари нови субвенции за ЈСП, и тоа ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа, затоа што веќе се изгласани 1.250.000.000 денари.
Арсовска и Левица се одговорни затоа што работниците во ЈСП не можат да земат пари, наместо да бараат пари од Советот треба да побараат пари од Владата која му должи на ЈСП.
За крај ајде нека се одлучи Димче Апасиев дали требало да се гласаат субвенции за ЈСП или не, зошто вчера неговите советници гласаа, затоа што тој така побара, за денес да тврди дека директорите перат пари.
Дали Апасиев мисли дека народот не памти што било вчера, па мисли дека денес ќе ги лаже скопјани.
Апасиев да каже зошто неговите советници во град Скопје гласаа субвенции, иако веќе во ноември се изгласаа, тоа што вчера по втор пат се изгласа субвенции.
Апасиев треба да каже како неговите советниците вчера го сервисираа директорот на ЈСП за да пере пари како што самиот тврди.
Апасиев да се одлучи кој е неговиот став или го крши ставот за неполни 24 часа.