23.03.2023

Ковачки: СДС и Славјанка Петровска ја донесоа воената служба за безбедност на ниво на потсмев, оперативци кои ги испратиле на Косово истиот ден биле уапсени, дали се претставувале како разузнавачи и за тоа се приведени?

И Воената служба за безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана ја направија за потсмев.
Оперативци – разузнавачи пред 10-тина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерот Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности. (!!)
10 дена од Министерството за одбрана молчат за апсењето на оперативци на Воената служба за безбедност и разузнавање во Косово.
Што барале дополнителни разузнавачи на територија на Косово каде што веќе има НАТО мисија и зошто Славјанка Петровска ги испратила оперативците без амин од одговорниот командант, останува да одговори министерот за одбрана.
Не сакам ниту да помислам дека нашите разузнавачи биле уапсени затоа што на странска територија се претставувале дека се разузнавачи.
Инаку, за да ја покријат неспособноста, веднаш после неколку дена, Славјанка Петровска испратила дополнителни офицери од истата служба на Косово, но овој пат со најава кај надлежните и под плаштот дека треба да вршат разговори со припадниците на македонскиот контингент кој е на мисија во Косово.
*Случајот е забошотен, како и се друго досега.

**Колку за појаснување, одговорните раководители на воената служба кои ја доведоа истата служба до ниво на потсмев, се наградени со девизни плати од 3-4.000 евра месечно – едниот од Шекеринска со неколку годишна мисија во ОБСЕ во Виена, а вториот од Славјанка и Пендаровски во Брисел.

#РаспадСистем

#ГенераленРемонт

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0dH47RTsBr2Bu8KT2ThXahEr9pvDurk2pkV4mtULvd8UJfEAvzyhuwTpgSWegAcQ5l