Многу нервоза во текстот на госпоѓа министерка!Нервозата не е предизвикана од мене, а најверојатно не е ниту од Судот. Нервозата е поради тоа што вистината ќе излезе на виделина во момент кога сдс ќе ги прави листите. А на листите пак тесно, на анкетите уште потесно- нема место за вакви политички габарити. Само 3-4 места добитни, а гужва пред гол. И што ќе речат оние кои ја прават гужвата за потенцијалните кадри кои потенцијално го кријат семејниот имот пред граѓаните, а сдс ко сдс секогаш се “грижи” за граѓаните цели 20 денови во кампања.Министерке, фокусирајте се на работата за која Ве плаќаат граѓаните. Уште малку време Ви остана. Може и ќе излобирате да Ве стават на листа.Одговорете и’ на македонската јавност зошто се расфрлате со народни пари и наградувате едни исти лица во МО – Ваши партиски послушници, за наводни зголемени ангажмани и постигнати резултати, па дури и кога се на годишен одмор (?!)