Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на новинарско прашање поврзано со сместувањето на Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи кое изнесувало 20 илјади евра побара уште еднаш Буши да каже како успеал да го плати тоа ноќевање односно како ги стекнал тие пари. Имено Ковачки додаде дека ако пак Буши не го платил тоа сместување да се даде одговор кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.
-Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност. Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните. Мора да каже како со 20 илјади евра успеал да си го плати тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување. Јавноста ги чека одговорите, рече Ковачки.