15.01.2023

Ковачки: Ахмети греши кога мисли дека ДУИ и Левица одлучуваат за влада, власта ја зема и дава единствено народот

Али Ахмети вчера вели ВМРО да не сонува за создавање мнозинство со Левица. Но, Ахмети треба да знае 3 работи:

1. За нова влада не одлучува Ахмети туку народот на избори. Власта ја дава и зема само народот на избори, затоа толку многу се плашат и бегаат од соочување со народот.

2. Правилото на коалицирање на победник со победник не важи и никаде не е запишано, па стравот на ДУИ од ортачките криминали со СДС затоа им е се поголем.

3. Добро е што со ваквите изјави си ги откриваат спотерите и асовите во политиката, но ВМРО оваа влада ќе ја сруши заедно со народот.

Ортачкиот криминал, значи и ортачка одговорност, веднаш по падот на оваа најкриминална влада.

А што се однесува до мантрата дека Ахмети ќе создавал сојуз за Европа, на сите им е јасно дека е создаден сојузот за Европа.

Оваа влада на ДУИ (во која Ковачевски е статист), е најодговорна за секојдневните масовни иселувања од Македонија токму во Европа.

Нашите идни генерации Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи итн. ќе бидат жители и ќе имаат европска иднина во некоја од европските држави благодарејќи на “успешните” ЕВРОПСКИ политики на ДУИ и СДС.

Поради тие европски политики на Ахмети и неговиот слуга Ковачевски:

– само 13% од граѓаните на Македонија сметаат дека државата ни се движи во правилна насока (историски најниско ниво),

– рекордни 53% од граѓаните сметаат дека квалитетот на живот им назадувал (историски највисоко ниво),

– довербата во правосудството е само 3%, односно 4%, (историски најниско ниво), што значи дека граѓаните не веруваат дека живеат во правна и праведна држава,

– имаме катастрофална економија (ПОСЛЕДНИ сме по раст),

– втори сме по МИЗЕРИЈА во Европа.

Подобра инспирација од овие бројки за да нашите граѓани се иселат во Европа нема. Ахмети и Ковачевски секоја година се во трка со бројките, кои  поради овие ЕВРОПСКИ политики се поразителни за македонската држава и нејзините граѓани.

Линк од ФБ статус: