Ковачевски ја зголеми струјата за граѓаните за 50%, во услови кога 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.
Народот се потешко ги плаќа сметките, а дуото Ковачевски најавува ново покачување на цената на струјата
Нашите сограѓани кои пред нецела година плаќале во просек 3.000 денари месечно за струја, сега заради Ковачевски плаќаат и по 4.500 денари.
Дотолку полошо ќе биде во текот на грејната сезона, кога голем број на семејства се греат на печки на струја.
Ударот од власта е и врз приватниот сектор. Бизнисите со Ковачевски и антимакедонската СДС плаќаат и по 400% поскапа струја, сега во споредба со лани.
А, во однос на минатата година доколку се погледнат статистиките на ЕВРОСТАТ ќе се види дека македонските фирми плаќале двојно поскапа струја во однос на фирмите од околните држави.
Со антимакедонската СДС и Ковачевски се повеќе наши сограѓани нема да можат да си ги платат месечните сметки, и се повеќе фирми нема да бидат конкурентни на пазарите надвор или ќе ставаат клуч на врата. Затоа е потребно што побрзо оваа власт да си замине. Предвремени парламентарни избори се решението за излез од енергетската криза, со која антимакедонската СДС и Ковачевски не знаат да се справат.