Димитар Ковачевски наместо премиер се промовира како олигарх. Наместо да работи за народот, Ковачевски работи за себе. Тој сам кажа дека има удел во една од најголемите компании во државата. Ковачевски вчера на изјава од настан рече: Јас имам свој удел во друга компанија, која што е една од најголемите компании во државата.
Ковачевски е и премиер и еден од сопствениците на една од најголемите компании во државата. Во исто време неговата сопруга влегува во милионски бизнис за изградба на фотоволтаична централа за чија потреба добива државно земјиште со амин на Груби.
Семејството Ковачевски прераснува во олигархија.
Додека народот чека Ковачевски да работи во корист на државата, додека чека проекти и дела, Ковачевски сам се фали дека е сопственик на една од најголемите компании во државата.
За народот поевтини макарони, а за Ковачевски и неговата сопруга милионски бизниси, тоа е логиката на СДС и ДУИ.
Ковачевски да не бега од одговори и да каже која е компанијата во која има удел, а е една од најголемите компании во државата? Колкав е неговиот удел во таа компанија и какво е неговото влијание, како во нејзе, така и на пазарот во корист на таа компанија?