27.02.2023

Ковачевски се прикажуваше за хардваровец, а во суштина шовиниста кој навредува жени, јавно да се извини за навредите кон пратеничката

Почитувани,

Хардвардовецот Ковачевски го покажа на отворена сцена сиот свој простотилак и шовинизам.

Не доликува еден премиер и било кој човек со недолични зборови да се обраќа на пратеничка, која е жена, мајка, сопруга. Токму тоа го направи Ковачевски кон пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, со крајно погрдни и недолични зборови.

Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие.

Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини!

Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед!

Јавно да се извини затоа што нема трпение да слуша за проблемите кои им ги создаде на граѓаните!