Почитувани,
Секогаш кога антимакедонската СДС спроведува криминал и прави предавства се служи со лаги. Па така огромна лага е дека во време на директорувањето на претседателот Мицкоски со ЕЛЕМ се купувало скапа струја и дека поскапела струјата.
Еве ги фактите:
1. Откако Мицкоски е именуван за советник во владата Април/2015 година, до негово разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а до скоро граѓаните плаќаа 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога претседателот Мицкоски е разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, или по последното поскапување од 1-ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за 50 % поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.
2. Мицкоски ЕЛЕМ го остави со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити и 5 милиони евра пари на сметка. Сега долгот на компанијата е близу 30 милиони евра.
Недомаќинското работење, криминалот и незнаењето да се работи се главните причини зошто граѓаните плаќаат за 50%, а компаниите за 400% поскапа струја.
Заклучокот е јасен.
Ковачевски да си ги покрие поразите и предавствата лаже. Вистината е дека со Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поевтини, а денес со антимакедонската СДС се плаќа за 50% поскапа струја, а ЕЛЕМ има долгови од 30 милиони евра.