14.01.2024

Ковачевски и Спасовски создадоа хаос со патните исправи, рокот да се пролонгира, народот да не чека во редици на минусни температури

Власта создаде хаос со неспособноста да организира издавање на патни исправи. 

Заради неспособните Ковачевски и Спасовски илјадници граѓани два месеци наназад чекаат на минусни температури и по неколку часа на ден, за да дојдат на ред да се сликаат за нова патна исправа.

Од 2 милиона и 500 илјади граѓани со македонско државјанство до сега патна исправа извадиле 1 милион и 200 илјади граѓани. Остануваат некаде околу 1 милион и 300 илјади. Тие 1 милион и 300 илјади не можат да бидат издадени до февруари. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе претставка до Уставниот суд за ставање во сила на делот од Законот за патни исправи со кој се обврзуваат граѓаните да ги сменат своите патни исправи до февруари.

Дополнително што власта ја оставила државата и без обрасци за патни исправи. Интенцијата на власта е да се создаде дополнителен хаос и компликации. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.