12.12.2022

Ковачевски и СДС, ако не стојат зад Арсовска нека побараат нејзина оставка, или важни им се сепак тендерите?

Ковачевски и СДС, ако не стојат зад Арсовска нека побараат нејзина оставка, или важни им се сепак тендерите?

СДС не може да избега од одговорноста за хаосот во Скопје со приватните превозници. Директор на ЈСП е кадар на СДС, тој истиот директор го потпишал договорот за набавка на гориво без рабат.

Рабат за набавка на гориво за ЈСП имало секогаш. Смешни се изјавите на Арсовска дека има енергетска криза и затоа нема рабат. Попустот наречен рабат е разликата во малопродажната цена и продажбата на големо. ЈСП не купува гориво на бензинска, па да плаќа цени како на бензинска. Набавката е на големо, и нормално е цената да важи како за големопродажба.

Со самиот факт што ЈСП плаќа гориво како да купува од бензинска станица, а не преку јавна набавка на големо, претпријатието е во загуба околу 1.5 милиони евра.

И сето ова е потпишано од директорот на ЈСП кадар на СДС.

СДС да му каже на својот партиски кадар директор на ЈСП и на Данела Арсовска, која ја поддржуваат, да го поништат овој договор и да распишат нов тендер за набавка за да се обезбеди рабат и да се заштедат пари на скопјани.

Ако СДС навистина не се согласува со Арсовска нека побара оставка од неа. И во исто време да и ги земе ингеренциите и да го реши проблемот со превозниците.