07.07.2023

Ковачевски и Меџити ем не набавуваат лекови за болните со цистична фиброза, ем ги навредуваат

Министерот за здравство Фатмир Меџити, и Владата предводена Димитар Ковачевски, наместо грижа за граѓаните и пациентите почнаа да ги навредуваат.  

Меџити и Ковачевски наместо да направат се  пациентите со цистична фиброза да добијат лек тие ги навредуваат, односно си поигруваат со нив. 

Меџити, пациентот со цистична фиброза кој побара лек „Трикафта“ и кој се обрати на социјалните мрежи за да ја алармира јавноста, бидејќи очигледно не може поинаку, денес го нарече шоумен. Меџити ова го посочи во интервју за еден медиум, а во истото интервју за пациентот и вели „како може да се слика на оддел, тоа е забрането да се сликаш по телевизии, по камери“.

Меџити е министер кој зема плата од пари на народот и за истиот треба да се грижи. 

Димитар Ковачевски и Фатмир Меџити не само што не се грижат за пациентите, туку и ги навредуваат и си поигруваат со нив. Нивна работа е да има лекови, услови за лекување и медицински персонал, но тие за ова не се грижат. 

Крај треба да стави, час поскоро на екипата целата елита предводена од Ковачевски.