17.03.2023

Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај промовираа договор со фабрика за гаќи, постои ли дно кое не можат да го пробијат?

Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај промовираа договор со фабрика за гаќи, постои ли дно кое не можат да го пробијат?

Ковачевски и Груби ја срамат Македонија, даваат тендер за надзор која нема еден ден искуство, а лиценцата ја добива во сред постапка за поднесување пријави.

Лага беа тврдењата на Ковачевски и Груби дека надзорот оди кај странски експерти. 2/3 од парите одат кај фирмата за гаќи „Електра Солушн“ и „Евро Консалтинг“ на криминалец баран со меѓународна потерница.

Единствени странци во проектот се еден државјанин на Хрватска, адвокат, двајца од Србија, инженери, еден од Црна Гора и директорот на „ИРД“ од Италија кој ќе се наплати над 1 милион евра.

Најголемиот број од петте странци се вклучени во преговорите со изведувачот, и не се за надзор, надзорот 99% ќе се врши од страна на домашни лица. Лага е дека надзорот е скап заради странски експерти.

Ковачевски и Груби се фатени во шема која смрди на корупција, која очигледно само на ЈО не и мириса.