13.12.2022

Ковачевски е неспособен да ја обезбеди безбедноста на граѓаните, а за проблемот со превозниците тој може да го реши зошто негов кадар го предизвика

Ковачевски и по неколку месеци малтретирање на граѓаните со лажни дојави за бомби не е способен да го гарантира мирот и безбедноста на граѓаните.

Со месеци ученици, образовен персонал, родители и граѓани се малтретирани и МВР на Спасовски и владата на Ковачевски не наоѓаат механизам да ги заштитат граѓаните од константните вознемирувања.

Што се однесува до приватните превозници, Ковачевски да не бега од одговорност. Тој преку Арсовска си го постави неговиот партиски кадар Александар Стојковски за директор на ЈСП, а тој потоа го потпиша договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат. Претпријатието на тој начин е оштетено 1.5 милиони евра, точно толку ЈСП и им должи на приватните превозници.

Проблемот е од СДС, тие и можат да го решат, нека почнат со раскинување на договорот за набавка на гориво, а нека завршат со барање оставка од Арсовска.

Во делот од прес конференцијата за буџетот, Ковачевски само потврди дека буџетот е инфлаторен и неразвоен.

Дека инфлацијата ги јаде приходите покажуваат и реалните цени во продавниците. Тоа што до лани се купувало за 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари. Оттука минималните покачувања на пензиите и платите не го решаваат проблемот. Потребни се реални мерки и реално покачување.

Во текот на прес конференцијата Ковачевски само го покажа неговиот примитивен однос со недоличниот речник кон новинари, граѓани и политички противници.

Премиерот наместо да се занимава со решавање на реалните проблеми, се обидува лажно да интерпретира настани во обид да биде хумористичен.

Најдоброто што може Ковачевски да го направи е да си даде оставка. Само така Македонија ќе тргне напред.