09.01.2023

Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ, предвремените избори се излез

Додека економијата тоне, а граѓаните се се посиромашни, Ковачевски и Ахмети мислат само на криминалот и бизнис интересите на клептоманите од власта.

Димитар Ковачевски е најдобар слуга на Али Ахмети, а тоа јасно се гледа преку заштита на криминалот и корупцијата на функционерите на ДУИ. Нема ниту една постапка за ниту еден функционер на ДУИ, бидејќи Ковачевски ги штити како бели мечки заради спас на својата кaриера.

Испомош им се појавуваат и фолирантите од Левица, кои како на копче се појавуваат со нивните деструктивни дејствија за спасување на столчето на Ковачевски и Ахмети.

Додека заложникот Ковачевски слугува на Ахмети, бизнисите на неговото семејство и блиски пријатели цветаат, а граѓаните се се посиромашни и не знаат како да го поминат месецот.

За излез од оваа катастрофална состојба во државата се предвремените парламентарни избори. За тоа Ковачевски и Ахмети нека не се плашат и нека излезат на избори за да го слушнат гласот на народот.

Нека ги послушаат и пратениците од нивната коалиција кои бараат избори, а ваквите изјави од страна на пратениците од коалицијата на власта тие не ги демантираа.

Предвремените парламентарни избори и се потребни на Македонија, за да престане криминалот и корупцијата и да тргне државата напред.