Ковачевски е за во затвор за криминал, а продажбата на националните интереси му е за задржување на власт ден повеќе.
Предавникот Ковачевски ја распродава историјата, идентитетот и јазикот, за да остане ден повеќе на власт. Тој мисли дека со виткање кичма ќе се спаси од одговорност за криминалот, но треба да знае тој може ќе остане власт некој месец повеќе, но нема да се заборави, ниту застари неговиот криминал. И одговорност ќе има.
ВМРО-ДПМНЕ е за европска интеграција, но достоинствена, по услови кои важеле за сите земји членки кога го минувале процесот на преговори.
СДСМ спроведува свесна дискриминација на сопствената земја и ја става државата во подредена положба и за тоа одговорност ќе има.
Ако се толку сигурни во тоа што го прават, тогаш каде е проблемот да се излезе на референдум, и да се слушне ставот на народот. Референдумот е врвна форма на демократија загарантирана и со нашиот Устав, или СДСМ не сака демократија, а се повикува на истата само по потреба?
Народот е тој кој одлучува за иднината, и тој мора да има право да се изјасни. Добро е што Пендаровски покажа разум, за разлика од СДСМ и поддржа референдум. Има време и за СДСМ да се вразуми, и да поддржи референдумско изјаснување.