Почитувани,
Шокантнaта видео снимка може да се забележи вечерва на социјалните мрежи. Пациентка седната на под моли и плаче за помош во болницата во Кочани.
Ова е сликата за здравството на дезертерот Ковачевски истото она кое Филипче го остави во наследство.
За 5 години ниту една болница не е направена, ниту една клиника не е реновирана. Ниту една реформа не е спроведена.
Пред неколку дена човек умре во болки на клупа во Прилеп, а сега гледаме како пациентка во ходник плаче во болки и моли за помош.
Ова ли е европското здравство кон кое дезертерот Ковачевски не носи, или реалноста говори дека не мрдаме од афричките стандарди.
Додека народот умира по ходници, тендерите на Жути, Филипче и Пановска врват без проблем.
Оставки од дезертерите уште веднаш.