Коалицијата на СДС и Левица денеска не го гласаа Буџетот на општина Свети Николе. Со ова покажуваат дека се против проектите наменети за сите граѓани во општината.
СДСМ и Левица се против она што треба да се реализира во 2023 година.
Оваа коалиција е против нов парк со памп трак полигон, справи за развивање на моторички вештини, потоа се против ново детско катче, како и против осветлување, уредување со клупи и канти за ѓубре.
Оваа коалиција е и против балон сала во основното училиште „Кочо Рацин“.
Коалицијата на СДС и Левица со негласањето на Буџетот се против реконструкција на улици и водоводни и канализациски системи.
СДС и Левица е коалиција која е против проектите кои носат развој.