30.12.2022

Коалицијата на Левица и СДС во Велес не го подржаа буџетот за 2023 година, покажаа дека се против градење на нова и подобра инфраструктура за граѓаните

Советниците од СДС и Левица не дадоа поддршка на буџетот на Општина Велес за 2023 година со што не дадоа поддршка на сите планирани проекти во интерес на граѓаните. Очигледно коалицијата Левица и СДС се против градење на нова и подобра инфраструктура во општината.

СДС и Левица не поддржаа  реконструкција на Младинскиот парк, не поддржаа спортски комплекс во населба Дворови, не поддржаа инвестиција од околу 1.5 милиони евра за подобрување на патната инфраструктура во градот и околните села, дополнително вложување во водовод и фекална инфраструктура и десетици други проекти.

Буџетот на општина Велес за 2023 година содржи и поддршката за спортот, младите, културата, и се она што придонесува за подобрување и развој на Велес и животот на велешани, но за жал советниците на коалицијата СДС и Левица не ги препознаа интересите на граѓините и не го поддржаа овој буџет.