Како идна влада ВМРО-ДПМНЕ ќе работи минимум 50% од струјата да доаѓа од базни центри на енергија.
Државата не може да се потпира на фотоволтаични централи и ветро паркови кои продуцираат енергија во определен период од денот или годината, а со тоа ставајќи ја во опасност остатокот од периодот да нема доволно струја во мрежа.
За стабилно снабдување, потребни се инвестиции во централи кои ќе продуцираат базна енергија, т.е. исто количество на струја во текот на целиот ден во текот на една година, што овозможува предвидливост и сигурност. Со таа цел ќе се работи на модернизација на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Власта на СДС и ДУИ ја става Македонија во опасност, а од граѓаните нивни луѓе за ситна корист го земаат и последниот денар за таканаречени инвестиции во соларни и ветро паркови, кои имаа капацитет кој неможе да се пушти во мрежата.
Во моментов се планирани до 8.000 мегавати фотоволтаични централи, капацитетот на мрежата не може да прими ниту 20% од произведената струја. Значи власта ги мотивирала граѓаните да ги инвестираат и последните пари, и не овозможила мрежа за пренос. Дополнително власта ја става во опасност државата, бидејќи таквите соларни централи, произведуваат енергија во определ дел од денот и во определен дел од годината, а не во текот на целата година, ниту пак во текот на целиот ден.
Власта нема стратегија, има само желба за кражба на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди поинаков пристап и сигурност за енергетска стабилност.