19.07.2023

Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со израелско македонската фирма која го развила шпионскиот софтвер Предатор, а сега е на црната листа на САД?

Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со израелско македонската фирма која го развила шпионскиот софтвер Предатор, а сега е на црната листа на САД? 

САД ја ставија на црна листа фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор, за кој канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани.

Причината за ставање на црната листа како што се наведува е нарушување на сајбер-безбедноста. САД сметаат дека фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа, ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот.

Според грчки истражувачи неодамна  беше нотирано дека Македонија го има купено софтверот за шпионажа Предатор. Ковачевски немаше реакција.

Загрижувачки е што сите информации кои излегоа во јавноста од меѓународните истражувачи кажуваат дека софтверот за следење на комуникациите Предатор бил незаконски развиен во Скопје од страна на компанијата Сајтрокс и комплексна мрежа од фирми поврзани со израелски бизнисмен. Дополнително на тоа е нотирано дека истиот подоцна е продаван ширум светот.

Зошто ЈО молчи за ваквиот скандал, и дали властите и обвинителството повторно ќе тврдат дека од соопштението на САД дознале за шпионскиот софтвер?

Дали шпионскиот софтвер е набавен со амин на Ковачевски и дали истиот е користен за незаконско шпионирање на граѓаните?