Заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како класичен партиски полтрон на дело покажа како не се води грижа за здравствениот кадар со тоа што два месеци не изусти збор за непотпишувањето на согласностите за вработување на 1017 здравствени работници од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими
Манолева не беше ниту заинтересирана два месеци зошто само во Болницата во Тетово има издадено согласности за вработување на 100 здравствени работници, наспрема сите останати јавни здравствени установи за кои не беше потпишана ваква согласност
Каква е поврзаноста и зошто Манолева молчи за набавката на апаратот за роботика во Завоодот за физикална медицина и рехабилитација од каде и сама доаѓа, ако се земе во предвид дека во Македонија е набавен 940 000 евра, а во Хрватска пред неколку години сличен таков бил набавен 200 000
Зошто Манолева од позиција на директор на оваа установа ги укина обуките за вработените и за која намена сега одат овие средства
Дали по истиов принцип Манолева премолче и за феноменот “истечен сертификат” со што ја пушти низ вода директорката на Инфективна клиника, која до вчера ја третираа како херој на пандемијата
Планира ли Манолева да побара ревизија и да го поништи огласот за вработувањата во Болницата Гостивар каде балансерот се применува така што од 25 нови вработувања – само 2 се Македонци. Од 10 доктори и 10 медицински сестри – ниту еден Македонец.
Ваквиот молк на Манолева ја потврдува негрижата во кадарот, како резултат на што се затворени цели специјалистички оддели. Заради ова и заради целосно деградирање на здравството ќе бидат поразени, а системот ќе биде целосно рестартиран по формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.