21.10.2022

Кадиевска Војновиќ:Годишната стапка на инфлација во Македонија е петта највисока во Европа-Тотално промашена политика на Владата за сузбивање на инфлацијата

Годишната стапка на инфлација во Македонија во септември 2022 година е петта највисока во Европа (шеста ако се вклучи и Турција). Индикаторот на доверба на македонските потрошувачи во септември 2022 година е четврти најнизок во Европа! Инфлацијата во ЕУ е 10,9%, во Македонија е 18,7%! Тотално промашена и закаснета домашна економска и енергетска политика за сузбивање на инфлацијата. Вистинскиот лек на раната уште не е решен. Зголемените сметки за електрична енергија на фирмите и во иднина ќе се пренесат на финалните цени или ќе се пренесат врз раст на невработеноста. Потрошувачите се во паника! Фирмите и вработените се во паника! А, како да не бидат? Докажан кризен менаџмент на оваа Влада еднаков на 0. А според сите предвидувања зимата 2023/2024 година ќе биде полоша!
Четирите стратегии како приоритет за кои пишував уште во март не се исполнети:
1. Обезбедување на сигурност за храна – ја имаме, но по цени до плафон.
2. Обезбедување на енергетска сигурност – ја немаме ни на краток, ни на средeн рок. Воедно цените на електрична енергија за фирмите се меѓу највисоките во Европа.
3. Обезбедување на одржлив економски раст. Нема никаква стратегија за раст.
4. Обезбедување на фискална одржливост на долг рок. Ја изгубивме заради недисциплинираното трошење на Владата од Ковид-19 наваму. Ја губиме уште повеќе и не носи кон постепена должничка криза. Хемингвеј кажал: “How did you go bankrupt?”
Two ways. Gradually, then suddenly.”

https://www.linkedin.com/posts/maja-kadievska-vojnovikj-5bba70143_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-activity-6988969395637088256-NIY2?utm_source=share&utm_medium=member_ios