Дезертерската СДС очигледно се во паника после обелоденувањето на скандалот со трајната неспособност на Ковачевски.
Секој ден се повеќе и повеќе се заплеткуваат, бидејќи дезертерот Ковачевски ги лаже и нив како и јавноста. И самите не знаат дали нивниот лидер одбил служење на воен рок поради проблеми со стомакот, дали поради школување, дали поради хируршки интервенции, дали поради тапијата за трајна неспособност.
И ним и на јавноста им оди во прилог да се утврди вистината и да се види дали дезертерот Ковачевски е деловно способен или не, бидејќи од тоа зависи иднината на нивната партија, а уште повеќе (што е помалку важно) и иднината на Македонија.
Патем за чесната и одговорна работа во време на криза на функционерите од власта, СДС и Ковачевски должат одговори кои фирми профитирале од кризите. Да кажат кои фирми правеле профити и бизниси, дури народот осиромашувал, а стопанството пропаѓа?