23.10.2024

И денеска сме исправени пред предизвици на кои одговараме водени од идеите на македонските револуционери, честит да е Денот на македонската револуционерна борба!

Денеска 23 Октомври е ден кога со гордост се сеќаваме на македонските револуционери кои храбро и истрајно се бореле за македонска државност. 

Нивната водилка била македонска државност, идеја за правда и слобода. 

Инспирирани од ова генерации се вклучиле во долгата борба за македонска државност, слобода и достоинствен живот во слободна македонска република во која ќе има место за сите без разлика на јазик, вера, нација. 

Нивната визија ги поврза Илинден 1903, АСНОМ 1944 и на 8 Септември се реализираше независна Македонија. 

Без македонските револуционери нивните прогресивни идеи и желба за македонска државност незамислив ќе беше идеалот за македонска државност. 

И денеска сме исправени со предизвици на кои одговараме водени од идеите на македонските револуционери.

Денеска се сеќаваме на 23 Октомври 1983 година!

Честит 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба!