22.08.2022

Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат

Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат.
Недозволиво е поликлиниката Промедика да врши операциони зафати, без притоа за тоа да ги поседува потребните дозволи. Институциите знаеле и тоа го дозволиле.
Ирена Бухова, како директор на ДСЗИ и Беким Сали како министер за здравство, а пред него и Венко Филипче мора да одговораат за овој преседан кој можел да заврши со последици за голем број наши сограѓани.
И откако беа откриени, ниту Бухова, ниту Сали излегоа да се извинат и да понесат одговорност со оставки, туку ДСЗИ во форма на пишано соопштение го призна скандалот.
Бухова и Сали да не мислат да се кријат за пишани признанија, без понесување одговорност.
Очекуваме оставка, а во меѓувреме ЈО да отвори случај и да се исттажи кој и како дозволил, и зошто свесно е толерирана работа без лиценца.
Одговорност за одговорните во институциите мора да има.